Радио Кочани
Кочани

Ана Пејчева прогласена за првенец на генерацијата во ООМУ „Ристо Јуруков“ – Кочани

510

Ученичката Ана Пејчева е прогласена за првенец на генерацијата 2016–2025 година од страна на Наставничкиот совет на ООМУ „Ристо Јуруков“ – Кочани. Во текот на своето образование, Пејчева постигна значајни резултати на меѓународни натпревари, под менторство на нејзината наставничка, м-р Драгана Карова Ангелова.

Таа освоила вкупно 5 први, 6 втори и 1 трета награда, како и една пофалница во категориите пијано и камерна музика (четирирачно пијано), покажувајќи посветеност и исклучителен талент.

Колективот на училиштето ѝ упати искрени честитки и ѝ посака многу успех во понатамошното образование.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio