Радио Кочани
Кочани

Отворени забавни фудбалски школи во Кочани

897
По десет години пауза повторно се организира Отворената забавна фудбалска школа во Кочани што се реализира во рамки на проектот Open Fun Football Schools.
Оваа година во Кочани на задоволство на сите учествуваат 140 ученици од петте основни училишта од Кочани и Оризари.
Целта на отворените забавни школи е учениците да спортуваат, да се забавуваат, другаруваат, запознавајки нови игри, нови другарчиња со кои и понатаму ќе контактираат во секојдневниот живот.
Преку ваквите манифестации се развива спортскиот и натпреварувачки дух на учениците но основната идеја е и забавниот концепт.
Она што е важно не е резултатот, туку аспектот на играта, задоволството кое произлегува од играњето и подобрувањето на нивото на вештините.
Денеска децата имаат ден поминат со спорт, дружење, забава и социјализација.
Игрите се поддржани од Ротари клубот Кочани – Виница и Еуро Контрол Еко Облешево.
© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio