Радио Кочани
Кочани

Трогателна порака од семејство на повредено дете од Кочани: „Ви благодариме што ни ги спасивте животите“

6,834

Емотивна порака на благодарност беше оставена на паркингот пред Универзитетскиот клинички центар на Србија (UKCS) во Белград од страна на семејство на едно од децата повредени во трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

На натписот, залепен на задниот дел од автомобил со македонски регистарски таблички, стои:

„Ви благодариме што ни ги спасивте животите! UKCS Белград – Ви благодариме, Србија! 16.03.2025. Кочани“.

Станува збор за автомобил кој му припаѓа на семејството на едно од повредените деца кои сè уште се лекуваат во белградскиот клинички центар. Вработени од UKCS изјавиле дека родителите речиси не ги напуштаат болничките простории, постојано се до своите деца, и изразуваат длабока благодарност за посветеноста и грижата на медицинскиот персонал.

Пораката ја трогна јавноста и повторно ја потсети на сериозноста на трагедијата што се случи во Кочани и хуманоста на српските здравствени институции кои прифатија и згрижија неколку од најтешко повредените млади пациенти.

Antropol.mk

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio