Радио Кочани
Кочани

Во тек се градежните активности од првата фаза за реконструкција на булеварот „Тодосија Паунов“

566
Стручните служби од Општина Кочани информираат дека се бетонираат стопите и се поставува арматурата за потпорните ѕидови. Избраните економски оператори „Стентон градба“ – Битола и „Стоименов“ – Кочани работат на темелната конструкција на потпорните ѕидови, од којашто се изградени стотина метри.
Целосната реконструкција на булеварот ќе се одвива од спојот со улицата „Киро Кикенски“ до почетокот на разделното зеленило кај СОУ „Гошо Викентиев“, во должина од 1.000 метри.
Вкупната сума за реализација на договорот за реконструкција на булеварот „Тодосија Паунов“ изнесува 88.463.567 денари, средства одобрени за Општина Кочани од унгарскиот кредит Владата на Македонија. Во финансиската конструкција на овој проект Општина Кочани учествува со сопствени средства во износ од 3 милиони денари.
© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio