Радио Кочани
Кочани

Студентите утре ќе им се придружат на родителите на жртвите од Кочани на протестот „Марш на ангелите“

553

ниверзитетското студентско собрание на УКИМ ја дава својата јавна поддршка на протестниот марш „Марш за ангелите“, кој ќе се одржи утре, 29 април 2025 година, во Скопје, во организација на семејствата настрадани во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Организацијата ги повикува сите студенти, како и целата јавност, да се приклучат и достоинствено, но гласно, да се испрати порака дека Македонија заслужува подобро.

Како што е најавено, протестот ќе започне пред Обвинителството во Скопје во 12:05 часот – време кое симболично ја означува задоцнетата реакција – и ќе продолжи кон Градскиот плоштад, а потоа пред Собранието на Македонија.

„Како Универзитетското студентско  собрание на УКИМ, сметаме дека е наша обврска, пред сè како граѓани, а потоа и како студентска заедница, да застанеме во знак на сочувство и поддршка кон оние кои претрпеа голема загуба и заедно да повикаме на одговорност и правда. Го поддржуваме барањето за јасни одговори и за итно преземање на одговорност од страна на институциите“, се вели во повикот на Универзитетското студентско собрание на УКИМ.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio