Радио Кочани
Кочани

ПОЗНАТ Е ТОЧНИОТ ДАТУМ НА КРАЈОТ НА ЕВТИНИОТ ШОПИНГ: „Тему“ и „Шеин“ веќе нема да продаваат по „багателни“ цени

916

Од 25 април кинеските онлајн продавници „Тему“ и „Шејн“ ќе ги зголемат цените на производите по царините воведени од САД.

– Поради неодамнешните промени во правилата и тарифите во глобалната трговија, нашите оперативни трошоци се зголемија. За да продолжиме да ги нудиме производите што ги сакате без компромис за квалитетот, ќе бидеме принудени да ги приспособиме цените од 25 април – се вели во соопштението на „Тему“ и „Шејн“, кои нудат производи од играчки до паметни телефони и ги повикуваат потрошувачите да ја искористат можноста дотогаш да купуваат по актуелните цени.

Нивниот бизнис модел е под закана по неодамнешната наредба потпишана од американскиот претседател Доналд Трамп за затворање на „трговската дупка“ што дозволуваше пакетите поевтини од 800 долари да влезат во САД без царина од Кина и Хонгконг. Наредбата стапува на сила на 2 мај.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio