Радио Кочани
Кочани

Градоначалникот Крстевски: Хаотична е состојбата во Општината, КЈП „Водовод“ и ТППЕ – Кочани

2,376

В.Д Градоначалникот на Општина Кочани, Венко Крстевски, денеска официјално седна во градоначалничката фотеља.

Крстевски посочи дека состојбата во општината е хаотична, како и во КЈП „Водовод“, каде утринава бил на состанок со вработените.

Според него, оставени се проекти без целосна документација, не знаат дали имаат  или немаат директор во Комуналното претпријатие, а катастрофална е и состојбата во ТППЕ, каде работат со 16 пожарникари, а според бројот на жители и регионот кој го покриваат, потребни им се најмалку,  33 пожарникари.

Исто така, рече дека и сите проекти од претходниот градоначалник Љупчо Папазов ќе продолжат со реализација.

Воедно побара и помош од градоначалницте од другите општини да им дадат инспектори, а најави и состанок со Министерството за животна средина за трајно затворање на депонијата во Кочани.

© 2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio