Радио Кочани
Кочани

ОУ „Св. Кирил и Методиј“ – Директорот на НАЕОПМ Богојески најави доближување на ЕРАЗМУС програмите до крајните корисници

359
Тим на Агенцијата за европски образовни програми и мобилност, предводен од директорот, д-р Петар Богојески, денеска го посети Основното училиште, “Св. Кирил и Методиј“.

Целта на посетата беше конкретна и институционална подршка вклучително и специјализирана обука на наставниот кадар од страна на официјални претставници на Агенцијата.
Според директорот Богојески, посетата на кочанското училиште е почеток на една поголема и сеопфатна едукативна кампања со цел ЕРАЗМУС програмите што повеќе да бидат доближени до крајните корисници.
Директорот Петар Богојески соопшти дека донел одлука средствата предвидени за репрезентација и други ексклузивитети на Национална агенција за европски образовни програми и мобилност за месец април да ги пренамени за купување училишен прибор за дел од учениците на ОУ „Кирил и Методиј“. Ова, најави тој, ќе стане пракса во Агенцијата, средствата од репрезентација секој месец да се пренаменуваат за потребите на различни училишта.
© 2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio