Радио Кочани
Кочани

Министерот Стоиљковиќ од Кочани: Србија, на свој трошок, уште еднаш ќе прими на лекување повредени во „Пулс“

125

Министерот за локална самоуправа, Иван Стоиљковиќ, денеска од Кочани соопшти дека повредените во пожарот во „Пулс“ што беа згрижени и медицински третирани во болници во Србија ќе можат и последната фаза од лекувањето  да ја реализираат во медицински установи во таа држава, на начин што сите трошоци за нивното лекување ќе ги покрие српскиот Фонд за здравствено осигурување.

Министерот Стоиљковиќ на почетокот на неделата беше во работна посета на Кочани. При тоа, не пред камери, се сретна и со повредени  во кочанската дискотека.

-Децата ми рекоа дека  лекарите во Србија ги информирале  оти доколку до септември не се извршпи и последната хирушка оперативна фаза од лекувањето на изгорениците на рацете, тогаш нивната состојба ќе се искомплицира. Дека ќе дојде до задебелување на кожата по што нема да можат да ги движат прстете и рацете. Тоа ми го кажаа полни со недоверба дека нешто ќе може да им се помогне, рече Стоиљковиќ.

Како што тој информираше, веднаш стапил во контак со државното раководство на Србија за да побара решение за проблемот со повредените.  Брзо му било одговорено дека ги прифаќаат повредените што ја имаат историјата на повредата во болници кај нив, во Србија, и дека целиот трошок го преземаат тие.

-Тоа му го соопштив и нанашиот премиер Мицковски, по што раководствата на девете држави ја започнаа комуникацијата. Министерствата за здравство и фондовите за здрваство на Македонија и Србија уште вчера формираа заеднички тимови, кои работат на тоа да се обезбедат сите потребни услови децата да бидат оперирани до почетокот на септември, што не е така лесно. И една рака да профункционира ќе бидеме среќни, иако, нормални ќе гледаме да им помогнеме на сите, нагласи министерот за Локална самоуправа Иван Стоиљковиќ.

Фондовите за здравствона Република Србија и Република Македонија немаат склучено никакви договори за соработка, така што во поинакви услови повредените од Кочани би морале трошоците за лекување сами да ги сносат.

Прес конференцијата на Стоиљковиќ се одржа во Просториите на Општина Кочани, откако тој имаше краток разговор со градоначалникот ВладкоГрозданов. Двајцата упатија зборови на благодарност за она што Србија уште еднаш  го прави за повредени во пожарот од март лани во „Пулс“

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio