Радио Кочани
Кочани

Маркетите и аптеките од петок мораат да ги објавуваат цените онлајн

137

Од петок, 18 април, поради зголемена транспарентност, споредување и стабилизирање на пазарот, сите маркети, аптеки и продавници за техника и мебел имаат обврска да ги објавуваат цените на своите производи на официјална веб-страница. Доколку цените се објават на социјални мрежи, тоа нема да се смета дека ја исполниле законската обврска.
Трговците ќе мора да ги прикажуваат своите цени во реално време, со редовно ажурирање.

Цените треба да се ажурираат најдоцна во текот на истиот календарски ден. Целта е на потрошувачите да им се овозможи јасен и точен преглед на понудата.

Обврската не важи за микротрговци кои имаат до 10 вработени и годишен приход помал од 50.000 евра.

Државниот пазарен инспекторат ќе врши контроли, ќе проверува дали се почитува прописот и ќе изрекува соодветни санкции.

Секој производ треба да биде објавен со следниве податоци:
-Име на производот,
-Редовна продажна цена со вклучен ДДВ
-Цена по единица мерка (килограм, литар, метар)
-Опис на производот и моментална достапност
-Цена со попуст, ако е активна промоција како и времетраење на попустот или акцијата

© 2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio