Радио Кочани
Кочани

Претрес во виничко, пронајдена дрога и пушка, приведен дилер

1,691

На 24.03.2025 во 18.40 часот во Виница од страна на полициски службеници од НККР Виница и ПСОН Виница е лишен од слобода Д.Ѓ. (28) од с. Јакимово, виничко. При претрес врз Д.Ѓ., кој бил со возило голф со винички регистерски ознаки на ул.„Браќа Миладинови“ во Виница, пронајдени се зелена растителна материја, метална дробилка, хартија за рачна изработка на цигари. Потоа, по наредба на Основен суд Виница извршен е претрес во домот и просториите што ги користи Д.Ѓ. во с.Јакимово. При претресот пронајдена е зелена растителна материја, дробилка, три стаклени тегли со остатоци од зелена растителна материја и воздушна пушка. По документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

© 2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio