Ротари Клуб Кочани-Виница, во организација со Паневропска Унија на Македонија организира панел дискусија на тема: Европеизација на Македонија, Дали сме на добар пат?
Панел дискусијата ќе се одржи на ден 06.03.2025 година, во Прогресив Академија Виница, со почеток од 18:00 часот.
На панел дискусијата е планирано да се дискутираат теми за превземените иницијални активности на локалните заедници во насока на приближување на нашата држава кон Европската Унија. Имајќи го предвид сознанието дека иницијалните промени се прават во локалните средини, се очекува на дебатата да бидат споделени определни искуства во врска со реалните и искористените можности на нашата земја и тоа економски, еколошки, инфраструктурни, урбано-рурални, спортско-рекреативни и други.
Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња.
ПрифаќамПовеќе