Радио Кочани
Кочани

Виница – Тодоровите трки ќе се одржат на 15 март

136
Почитувани сограѓани,
Ве информираме дека спортско-рекреативната манифестација „ТОДОРОВИ ТРКИ“, ќе се одржи на 15.03.2025г. со почеток од 11:00 часот на градскиот стадион во Виница.

Предвидени неколку дисциплини на кои очекуваме голем број на учесници од детската градинка „Гоце Делчев“, основните училишта „Гоце Делчев“, „Славчо Стојменски“, „Никола Парапунов“ и „Кочо Рацин“, средното училиште „Ванчо Прке“, членови од ЗП од Виница, членови од здружение „Златно доба“, како и сите граѓани на Општина Виница без разлика на возраста.
За првите три места во секоја дисциплина има обезбедено награди од Општина Виница и приватните компании кои се традиционални поддржувачи на овој настан.
Општина Виница
© 2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе