Радио Кочани
Кочани

Неизвесност околу изградбата на регионалната депонија во Свети Николе по пролонгирање на тендерот

864

Изградбата на регионалната депонија во Светиниколско Мечкуевци, останува неизвесна, бидејќи рокот за завршување на меѓународниот тендер за избор на изведувач е пролонгиран. Постапката, која требаше да заврши вчера, е одложена поради технички проблеми, потврдува Министерството за животна средина.

Засега не е познато колку дополнителен рок ќе им се додели на компаниите за аплицирање.

Со започнувањето на проектот, општините Зрновци, Чешиново-Облешево и Виница беа принудени да ги затворат своите депонии и отпадот да го одлагаат на депонијата во Кочани. Оваа ситуација ги активираше еко-активистите и граѓаните во Кочани, кои во текот на последниот месец не дозволуваа пристап до депонијата, која во минатото често гореше и создаваше загадување на воздухот. Според последниот договор меѓу градоначалниците, трите општини продолжуваат да го одлагаат отпадот во Кочани, но за тоа плаќаат надоместок.

Општините Зрновци, Чешиново-Облешево и Виница се обврзани да плаќаат месечен надоместок од 220 денари по кубик собран и депониран отпад на територијата на Кочани. Од КЈП „Водовод“ -Кочани и со поддршка од Министерството за животна средина, обезбедени се средства и ангажиран е економски оператор.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio