Радио Кочани
Кочани

Лесновскиот манастир: Светилиште на верата и духовното наследство

3,408

Лесновскиот манастир, сместен на југозападните падини на планината Осогово, на надморска височина од околу 870 метри, во живописното село Лесново, претставува значајно духовно и културно богатство за Македонија.

Главната црква на манастирот е посветена на Светите Архангели Михаил и Гаврил, а постојат историски претпоставки дека манастирот бил изграден по замонашувањето на Св. Гаврил Лесновски, или по неговата смрт, кога се развил култот за подвижничкиот живот.

Со векови, Лесновскиот манастир останува важен религиозен центар за православните верници во земјата.

Тој не е само место на молитва и духовно обновување, туку и центр на монашкиот живот кој продолжува да се практикува и денес со редовни богослужби.

Манастирот, освен својата духовна важност, е популарен и по туристичка дестинација. Со својата уникатна архитектура, природна убавина и духовната атмосфера, Лесновскиот манастир привлекува посетители не само од Македонија, туку и од странство. Туристите го посетуваат не само заради неговото религиозно значење, туку и поради неговото историско и културно богатство.

Попознат аспект на манастирот е неговата поврзаност со чудеса. Една од низата случки се однесува кога пред околу 10 години, 13-годишно девојче од Кочани, благодарение на Божјата промисла и молитвите на отец Гаврил Светогорец, чудесно се излекувало од тешка болест. Ова е само еден од бројните примери на чудеса кои се поврзуваат со манастирот, што го засилува неговиот статус на свето место.

Манастирот е познат по своите фрески, кои се сметаат за едни од највредните примери на византиска уметност во Македонија. Фреските во црквата „Св. Архангел Михаил“ датираат од 14-ти век и вклучуваат портрети на св. Гаврил Лесновски, како и двојни портрети на цар Душан со неговата сопруга Елена и на Јован Оливер со неговата сопруга Оливерина.

Значајно е да се спомене и дека во 14-тиот век, манастирот бил една од најголемите монашки населби на Балканскиот полуостров, со повеќе од 200 монаси.

Лесновскиот манастир не претставува само културно и историско богатство за Македонија, туку и важен духовен центар што ја одржува верата и традицијата на православието. Неговото постоење сведочи за силното духовно наследство и трајната поврзаност на македонскиот народ со својата историја и религиозни корени.

Свети Гаврил Лесновски бил основач на манастирот и голем духовен учител, a познат и по својата посветеност на монашкиот живот и по чудата што се приписуваат на него.

Според традицијата, тој бил добар исцелител, а неговите чудеса продолжуваат да се слават и денес.

© 2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе