Радио Кочани
Кочани

Кочанчанецот Јован Манев ќе ја засили хрватската екипа „Ријека“

976

Македонскиот стопер Јован Манев ќе има нов клуб.

Станува збор за  хрватската екипа „Ријека“, клуб кој моментално е лидер во шампионатот на Хрватска.

Трансферот доаѓа од турската екипа „Адана Демирспор“.

24-годишниот Манев беше дел од турска „Адана“ од 2022 година, а за него хрватскиот шампионат е познат, со оглед на фактот дека тој  настапуваше како позајмен играч во „Осијек“.

Во хрватскиот шампионт Манев одигра седум натпревари или 495 минута.

Низ својата кариера Манев беше дел и од тимовите на „Осогово“ и „Брегалница“.

Исто така, тој  има настапувано и седум пати за сениорскиот тим на Македонија, како и постигнат еден гол.

Инаку, тој е роден 2001 година и потекнува од селото Грдовци.

 

 

© 2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе