Радио Кочани
Кочани

Николовски: Се враќа возот во Кочани

4,302

Ќе се вратат линиите на градските возови до Штип и Кочани во следниот период, ова го најави министерот за транспорт и врски, Александар Николовски.

Она што е наша заедничка амбиција е во следниот период, јас ги нарекувам овие градски возови, затоа што се работи за дестинации, кои што и не се така големи, да пуштиме градски возови и до Тетово и до Гостивар, целата линија до Кичево, до Штип и Кочани, тоа е следната амбиција за која што се надевам дека за брзо време ќе можеме да ве поканиме тука, истакна Николовски.

Николовски по денешната посета на „Железници Транспорт”, додаде дека  моментално во државата се активни пет возови за патнички сообраќај, пет локомотиви за товарен сообраќај и четири локомотиви кои се изнајмени.

Од нула возови и локомотиви минатиот јули, сега имаме вкупно 14 на македонските пруги. Кога бевме избрани во јули лани Македонија немаше железница, немаше оперативни возови и локомотиви. По само шест месеци резултатите се гледаат. Депото низ кое прошетавме денеска во јули минатата година беше запуштено, во него не влегуваше никој, имаше темна слика, а денес вредни луѓе ги одржуваат и поправаат возовите. Споредено со четвриот квартал во 2023 година, четвртиот квартал во 2024 година во делот на товарот има зголемување за 75 проценти. Тоа е срцето на „Македонски железници – Транспорт“ зашто најголем дел од приходите доаѓат токму преку карго сообраќајот, а исто така во делот на патничкиот сообраќај, споредено, пак, трет квартал 2023 со трет квартал 2024 година, има зголемување за 36 отсто. Тоа се огромни бројки и огромни разлики.

Инаку, во Кочани, возот последен пат беше виден 2021 година.

Минатата година беа реконструирани и трите железнички пруги кај  Основниот суд на улицата „Никола Карев“, кај Ветеринарната станица, на дел од улицата „Лазар Андонов“ во Кочани, како и на патниот премин кај Подлог.

© 2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе