Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
Известување од КЈП „Водовод“ – Кочани
Денес направив вонреден ненајавен увид на депонијата и можам да информирам дека од страна на КЈП „Водовод“ – Кочани во соработка со ТППЕ веќе е извршено третирање на истата со две цистерни и 500 литри алги ( со двојно повеќе количина од последното третирање). Исто така операторот кој дополнително ја одржува депонијата ги извршува своите должности согласно утврдената динамика. Воедно апелирам и очекувам сите обиди за неовластено влегување на депонијата да престанат и истите во соработка со МВР ќе ги следиме будно и заедно со нашата стражарска служба ќе постапуваме во рамките на нашите надлежности .
Истакна ВД директорот на КЈП „Водовод“ Кирил Ковачев.