Радио Кочани
Кочани

Традиција и забава на Св. Трифун во Кучичино: Спорт, вино и музика со Стојне Николова

2,754

На 14 февруари селото Кучичино ќе биде домаќин на традиционалната манифестација во која се опфатени културни, верски и спортски настани по повод празникот Св. Трифун.

Се закројува лозјето, се спрема трпеза, ден претходно се приготвува погача со париче од кумот, а за следнта година е кум оној чии дел е со паричката.

Жителите се поделени  во две групи, односно, источна и западна лоза, па така има два кума секоја година.

Се откопува закопаното вино од претходната година, се дегустира, дополнува и повторно се закопува.

По завршувањето двете групи се сретнуваат на сред село каде ги дочекува музика.

Годинава посетителите ќе се забавуваат со познатата македонска естарадна ѕвезда Стојне Николова, која со своите познати музички нумери ќе ја направи атмосферата незаборавна.

Пред прославата на 14 февруари, ќе се одржат спортски игри и традиционална дегустација на вино.

Во чест на светецот е започната иградба на храм, на 05.03.2011 година , а во исто време тој  е и единствен храм посветен на Св. Трифун.  Тој подолг период се гради со помош на донации од верниот народ.

На денот, Радио Кочани ќе присуствува на манифестацијата и во живо ќе ви пренесеме дел од атмосферата.

© 2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе