Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
Чешиново-Облешево: Третата Форумска сесија на проектот „Зајакнување на општинските совети“ презентира пет нови инфраструктурни предлог-проекти“
Во Чешиново Облешево Денес се одржа третата Форумска сесија во рамките на проектот „Зајакнување на општинските совети“, на која беа презентирани пет предлог-проекти од областа на инфраструктурата. Проектите кои беа разгледани вклучуваат:
- Изградба на автобуски постојки;
- Изградба на простор за детско игралиште во градинката „Ѕвездички“ во Чешиново;
- Реконструкција на патниот правец Облешево-Спанчево, со уредување на банкини;
- Изградба на детски паркови и набавка на содржини за парковите во Облешево и Теранци;
- Изградба на нова бушотина за вода кај повеќенаменското игралиште во село Облешево.
Проектот „Зајакнување на општинските совети – фаза 2“ е финансиран од Швајцарската Влада и Министерството за локална самоуправа, а ја кофинансира и спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), во соработка со националните и локалните партнери.