Радио Кочани
Кочани

СВР Штип апелира за почитување на сообраќајните правила: Опомени до 15 февруари, казни потоа

464

СВР Штип апелира до граѓаните односно учесниците во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и со тоа сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај. Граѓаните на Штип, но и на другите градови, да не ги паркираат односно запираат возилата на места на кои тоа не е дозволено. До 15.02.2025 полициските службеници ќе изрекуваат опомени за наведените прекршоци, а потоа ќе се изрекуваат прекршочни платни налози на возачите кои ги прават овие прекршоци, а се со цел подигање на нивото на севкупната безбедност во сообраќајот.

© 2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе