Радио Кочани
Кочани

Два инциденти во Кочани: Физички пресметки и насилство…

3,413

На 22.01.2025 во 16.19 часот во СВР Штип, Н.Н. (35) од Кочани пријавил дека во Кочани со К.Д. (47) од Кочани почнале вербална расправија, која потоа преминала во физичка пресметка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 23.01.2025 во 09.30 часот во ПС Кочани Б.А. (57) од Кочани пријавила дека на 21.01.2025 во 02.30 часот, додека била во нејзината семејна куќа заедно со нејзините внуци, дошла Д.С.И. и физички ја нападнала, а исто така употребила и метален предмет. Според пријавеното, Д.С.И. кршела и инвентар од куќата. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

© 2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе