Радио Кочани
Кочани

Денеска, 20 јануари, верниците го прославуваат Свети Јован Крстител

115

Денеска, 20 јануари, Македонската православна црква и верниците го прославуваат Свети Јован Крстител, последниот голем пророк, кој не само што го објави, туку и го виде очекуваниот месија.

Свети Јован е една од најголемите слави во државата, а како и за секоја прослава, домаќинките ширум земјата внимателно ја подготвуваат трпезата.

А каква ќе биде мрсна или посна, зависи од тоа во кој ден е овој празник, бидејќи годинава се паѓа во понеделник, трпезата може да биде мрсна.

Во продолжение да ја проследиме изјавата на Отец Димитар Арсовски од храмот „Свети великомаченик Георгиј“.

Инаку, Свети Јован се празнува неколку пати во годината: 7 јули – Средината на летото – раѓањето на Свети Јован, 11 септември – Отсекување на главата и 6 октомври, кога се слави зачнувањето на светителот.

© 2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе