Радио Кочани
Кочани

Виница: Ангел Ангелов го извади Светиот Крст од Градечка Река

661

Ангел Ангелов го извади крстот од Градечка Река.

 

Славејќи го Христовото крштевање ја славиме верата и животот во вера. Со осветување на водите ја укажуваме вековната традиција на зацврстување на верата, но и на меѓусебното почитување и разбирање, толеранција и единство.
Светиот Крст да донесе здравје, среќа, љубов, мир и благосостојба во сите домови.
Им посакувам пред се многу здравје, среќа, благосостојба и успеси!
Бог се јави!
Навистина се јави, истакна градоначалникот на Виница, Миле Петков.
Освен во Виница, Светиот Крст беше положен и во населените места:
Александар Петров, с.Драгбраште,
– Даниел Јованов, с.Истибања,
– Бобан Атанасов, с.Јакимово,
– Виктор Анастасов, с.Блатец,
– Андреј Гоцевски, с.Лески,
– Давид Захариев, с.Трсино,
– Столе Илиевски, с.Градец,
– Јовица Трајчев, с.Пекљани,
– Ѓеро Насев, с.Липец.

 

© 2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе