Радио Кочани
Кочани

В недела, 19 јануари во 12 часот потопување на светиот крст и освета на водите на Кочанска река…

2,083
В недела, 19 јануари  на мостот кај Паркот на Револуцијата во 12 часот, Митрополитот Брегалнички г. Иларион во сослужение на свештеници од храмот „ Свети Великомаченик Георгиј“, ќе го извршат чинот на потопување на светиот крст и освета на водите на Кочанска река по повод празникот Богојавление-Водици.
Пред одржување на чинот на потопување на честниот крст, во кочанскиот храм, со почеток во 8 часот ќе се одржи Света Божествена литургија по што со свечена литија, верниците и свештениците ќе се упатат кон мостот во паркот, каде ќе се потопува крстот.
Исто така, традиционално како секоја година, така и годинава, ќе се одржи и традиционалната лицитација на икони.
Инаку, верскиот празник Водици во Кочани е еден од најмасовните црковно – верски празници.
Пријавувањето за скокањето по крстот е најдоцна до сабота, 18 јануари до 15 часот.
Условите се како и секоја година, а тоа се лицата да бидат полнолетни жители на Кочани, крстени во православната вера и да приложат потврда од матичен лекар за нивната здравствена состојба.
© 2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе