Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
Градоначалникот на Општина Виница го посети првороденото бебе во 2025
Во Виница денеска беше одбележена радосната вест за првото новородено дете во 2025 година.
Малиот Семин Салиов е првиот жител на општината за новата година, а неговото раѓање е причина за голема радост и празнична атмосфера во семејството и за локалната заедница.
Роден на 1 јануари 2025 година во 10:45 часот на Акушерското одделение во Општата болница Кочани, Семин е трето дете во семејството Салиови. Со неговото доаѓање на светот, Виница доби нов мал жител, а првороденото дете во годината е симбол на среќа и надеж за иднината.
„Ми претставува посебно задоволство што денеска имавме можност да го посетиме домот на малиот Семин и неговото семејство. Му посакуваме среќно и безгрижно детство, многу радост и гордост за семејството Салиови и за нашата општина“, изјави Миле Петков градоначалник на Општина Виница.
Виница се радува на секое новороденче, а првото во годината секогаш носи посебна значајност, бидејќи претставува симбол на нови почетоци и надеж за иднината.
Локалните власти и граѓаните им ја честитаа радоста на родителите и им посакаа многу љубов и среќа во нивниот дом.