Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
Известување од КЈП „Водовод“
КЈП „Водовод“ Кочани ги известува сите граѓани на Општина Кочани, своите корисници, правни и физички лица од Општина Кочани и населените места, дека денес 06.11.2024 година (среда) од страна на граѓанските активисти беа пропуштени само специјалните комунални возила за отпад на КЈП “Водовод” Кочани да го депонираат отпадот од Општина Кочани на Градската депонија.
При денешната акција за изнесување на натрупаниот комунален отпад од територија на Општина Кочани, од страна на КЈП „Водовод“ Кочани се изнесени 32 тури со комунален отпад. Специјалните комунални возила за изнесување на отпад во текот на денот изминаа 457 километри и собраа и депонираа 312 кубни метри отпад на Градската депонија.
По завршување на работните активности од страна на Секторот комунална хигиена за изнесување на комуналниот отпад на Градската депонија беше ангажиран економскиот оператор за машинско третирање на дотурениот отпад и негово затрупување со земја.
КЈП „Водовод“ Кочани во соработка со Општина Кочани набави соларни панели за осветлување и видео камери на соларна енергија за видео надзор и активно работи на нивно целосно поставување и ставање во функција на соодветни места во Градската депонија.
КЈП „Водовод“ Кочани ги известува сите граѓани на Општина Кочани дека утре 07.11.2024 година (четврток) е планирано перење на подземните и надземните контејнери на територија на Општина Кочани со раствор од микроорганизми за дезинфекција на поголем дел од местата предвидени за депонирање на комунален отпад, па поради тоа КЈП „Водовод“ Кочани упатува апел до учесниците во сообраќајот да не го попречуваат пристапот до контејнерите со своите моторни возила.