Радио Кочани
Кочани

Пред Велигден во куќата да се внесе нов земјен производ, адетот се почитува и денеска на пазарот во Кочани

2,859

Денеска, 17 април за православните верници е Велики четврток, односно четвртиот ден од Страсната седмица пред Велигден.

Убавото време и подготовките за најголемиот христијански празник ги раздвижи кочанчани.

Пазарот во Кочани беше преполн.

Граѓаните купуваа овошје и зеленчук, а според адетот најважно  во куќата е да се внесе нешто ново, односно нешто земјено, па поголема фрекфентност забележавме кај грнчарските производи.

Во продолжение да ја видиме атмосферата на денешниот пазарен ден во Кочани.

Инаку, рано изутринава пред изгреј сонце, домаќинките ги  бојадисаа првите велигденските јајца кои се црвени и ја симболизира Христовата крв.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio