Радио Кочани
Кочани

Учениците од основното училиште „Никола Карев“ се запознаа со животот и делото на Киро Герасимов

121

Славица Цветкова пред учениците во основното училиште „Никола Карев“  го претстави богатиот книжевен опус на  новинарот, поет, есеист и хроничар Киро Герасимов.

Тој има напишано над деведесетина книги и е еден од најплодните автори во државата.

Исто така, добитник е на Годишната награда за новинарство на МРТВ, на Седмосептемвриската награда на Кочани и на други награди и признанија.

Неговата  последна книга со наслов „Зборува Радио Кочани“ беше промовирана на 16 март 2022 година.

Цветкова апелираше до надлежните во Општина Кочани, неговото име и презиме да го носи некоја институција, улица или слично.

Настанот се реализираше по повод Месецот на книгата и имаше за цел помаладите да се запознаат  животот и делото на Герасимов.

Киро Герасимов беше роден 1951 година.

Повеќе од три децении работеше како дописник за Македонската радио-телевизија, пренесувајќи вести за локалните и регионалните случувања.

Неговата работа вклучуваше и пишување есеи и поезија, а беше почитуван како значаен хроничар на Кочани и околината.

Герасимов почина во мај 2022, на седумдесет и една годишна возраст, оставајќи трајно наследство во македонското новинарство и култура.

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе