Радио Кочани
Кочани

Крстевски – Предупредување до сите што градат незаконски: Започнува строго контролирање на бесправната градба!

2,480
Венко Крстевски, в. д. градоначалник на Општина Кочани најавува борба со незаконското градење истакнувајќи дека законските прописи и мерки ќе важат подеднакво за сите!
Според Кривичниот законик, казната за тој што гради на туѓо земјиште без одобрение или спротивно на одобрението издадено од надлежен орган е од три до осум години затвор.
– Предупредувањето е превентивно. За оние што ќе се спротивстават ќе има кривични пријави, записник, решение за отстранување, а имотот ќе прејде во сопственост на државата, додава Крстевски.
В. д. градоначалникот на Кочани потсетува дека со легалното градење се плаќаат комуналии, со кои се полни општинскиот буџет со средства кои потоа ќе се вложат во проекти од јавен интерес, во корист на целата заедница
© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio