Радио Кочани
Кочани

По повод Илинден – свежо цвеќе и почит кон жртвите за слободна Македонија

115

По повод Денот на Републиката – Илинден,  градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов  со членови од Советот на Општината, делегации од Сојузот на Здружението на борците од НОВ и локални ограноци на политички партии положија свежо цвеќе на Споменикот на слободата, споменикот на Никола Карев и на бистите на Љупчо Сантов и Раде Кратовче во Паркот на Револуцијата.

– Се поклонуваме пред жртвите за слободна Македонија одбележувајќи 121 година од Крушевската Република и 80 години од Првото заседание на АСНОМ. Славејќи го Илинден – најголемиот македонски празник, ги славиме идеалите на илинденците за воспоставување поправедно општество и асномските темели на слободната македонска држава.

Возвишените илинденски чувства ги чуваат вековните стремежи на Македонија за слободен народ во

своја, слободна држава.

Илинден нека остане наша водилка кон слободна, просперитетна, успешна и напредна Македонија. Нека ни е честит Илинден – Денот на Републиката и нека ни е вечна Македонија – истакна во празничната честитка градоначалникот Папазов.

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio