Во организација на Црвен крст – Општинска организација Кочани, а во соработка со Институтот за трансфузиона медицина Скопје, денеска во просториите на Црвениот крст се одржа редовна јунска крводарителска акција наменета за граѓанството.
На акцијата крв даруваа 36 крводарители од нив 1 првократен дарител и 15 лица до 30 годишна возраст.
Акцијата е осма што годинава ја спроведува Црвен крст Кочани.
Граѓаните може да даруваат крв секој понеделник и четврток во Службата за трансфузиона медицина – Кочани или секој последен четврток во месецот во просториите на ОО на Црвен крст-Кочани.
Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња.
ПрифаќамПовеќе