Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
Клубот за планински спортови „Осоговски Орел“ од Кочани за прв пат организира планинска велосипедска тура на јужните падини на Осоговските Планини.
Настанот е закажан за 23 јуни (недела) со почеток од 9 часот во дворот на манастирот „Св.Илија“ во месноста Бочвенец, во атарот на с.Речани на околу 12 km оддалеченост од градот Кочани.
Од стартот ќе се вози кон с. Крушка, потоа по сртот Дл”ги Дел, па патеката се спушта во Бела Река, за да потоа повторно се искачува кон планинското маало Мишино.
Таму е планирана пауза, а воедно ќе се оддаде почест на револуционерот Стефан Мандалов – Манданата, учесник во познатата афера Мис Стон од предилинденскиот период. Тој загинал токму на овој простор во септември 1903 година. По паузата следува спуштање кон Ново Село, се поминува покрај манастирот „Св.Димитрија“ и претстои ново спуштање кон манастирот „Св.Симеон“ во с. Костин Дол, каде ќе биде поставен пункт за освежување. По освежувањето учесниците повторно ќе поминат преку Бела Река, се искачуваат по сртот и се враќаат на стартната точка во месноста Бочвенец.
Велосипедската тура е поделена на 2 (две) патеки од која подолгата е 36 km со висинска разлика од 1200 m, додека пократката е во должина од 26 km со висинска разлика од 900 m.
На крајот следува доделување на благодарници и финишери, ручек и освежување.
Пријавувањето за велосипедските тури е во тек и истото можете да го извршите на следниов линк: