Радио Кочани
Кочани

Кочанската депонија и натаму чади – брза дислокација единствено решение !

690
Голем број граѓани од северозападниот дел на Кочани утрово се јавија во нашата редакција видно изреволтирани и вознемирени од чадот и смрадот што синоќа го дишеа во своите домови.

Несразмерно топлото време и отворените прозори и тераси како да беа мамка за тивкиот ветер да го темпира чадот внатре, во куќите и станбените објекти. Буквално не се дишеше, ни рекоа. Исплашени сме и од канцерогениот состав на се она што согорува на депонијата.
Инаку, како што сите добро знаеме, овој проблем со кочанската депонија не е од вчера. Вчера само се прелила чашата. Во неколку наврати КЈП „Водовод“ и надлежните од Општината постапија за негово решавање со носење камиони со песок до запалените локации, што даде првичен резултат, но треба да продолжи се до конечно гаснење и задушување на штетниот чад.
Невладината ГРИН ОРГ дури излезе и со предлог за поставување на наплатна рампа до самата депонија, а со случајот е запознаен и народниот правобранител. Сепак, сите се сложуваат дека најдоброто решение е дислокација на  отпадот од кочанско во регионалната депонија во светиниколско, после селото Мечкуевци, која би требало да профункционира, да се надеваме што поскоро.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio