Радио Кочани
Кочани

Се одржа Третиот меморијален шаховски турнир „Тодор Милосиев-Тошо“

769
Шаховскиот клуб „Кочани” беше домаќин на Третиот меморијален турнир “Тодор Милосиев-Тошо”.
На турнирот во чест на кочанската шаховска легенда и шаховски педагог Милосиев, настапија 24 шахисти на возраст од 9 до77 години од Кочани, Свети Николе и Скопје.
Најуспешен на турнирот беше Ѓорги Петров, на второ место се најде Јоцо Колев, а третото место му припадна на Ванчо Петров.
Пехарите на тројцата најуспешни им ги додели градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов. Највозрасниот учесник Михаил Стефанов и најмладиот гостин на турнирот Емануел Ангеловски добија шаховски табли, а за сите учесници ШК „Кочани” обезбеди медали.

Меморијалниот шаховски турнир се реализира со финансиска поддршка од Општина Кочани.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе