Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
Почина 73-годишен маж од кочанско Соколарци, се повредил при работа во штала!
Вчера во 16.20 часот во ОВР Кочани, од Итна медицинска помош било пријавено дека кај нив бил донесен починат Д.Д.(73) од с.Соколарци, кочанско.
Според пријавеното, околу 16.10 часот во с.Соколарци, тој се здобил со повреди додека работел во штала, сопственост на П.Д., по што бил пренесен во Итна медицинска помош, каде што од лекар била констатирана смрт.
Увид бил извршен, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено за обдукција.