Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
Се бетонираат две улици во Прибачево
Привршуваат градежните активности за бетонирање краци на две улици во селото Прибачево.
Изведувачот на работите, градежната фирма „Коле транс“ бетонира пристапна улица на излезот кон Грдовци, се бетонира и крак од улицата „Гоце Делчев“, на североисточниот, влезен дел во Прибачево.
Вкупната должина на бетонираните улици е 240 м, а тие се со ширина од 3,5 метри.