Радио Кочани
Кочани

(видео) Мицкоски во Кочани: Пендаровски вели осудувал криминал, тогаш јавно да го прашам дали мисли дека Ахмети и Груби се чесни и кога точно осудил криминал?

674

Лидерот на ВМРО – ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на предизборниот митинг во Кочани, од Паркот на Револуцијата испрати јавни прашања до Стево Пендаровски, кој вели дека осудувал криминал, па на следен митинг пред десетина присутни, колку што го поддржуваат, да каже дали за него Али Ахмети и Артан Груби се чесни луѓе или криминалци.

„Еве јавно од Кочани да прашам Пендаровски, кого тој јавно го осуди за сторен криминал? Еве и едно второ прашање, Стево, дали Стево за тебе Али Ахмети и Артан Груби се криминалци? И едно трето потпрашање, те молам немој да се вадиш со онаа, се додека некој не е осуден  тој е невин пред законите. Еве одговори конкретно и јасно на следното место каде што ќе се обраќаш пред десетина луѓе, дали за тебе Али Ахмети и Артан Груби се криминалци“, прашува Мицкоски.

Мицкоски додава дека вистината е дека тој сега се моли за поддршката од ДУИ и затоа уште калкулира и не кажува што ќе прави и како ќе прави во оваа кампања.

 

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе