Радио Кочани
Кочани

( видео) Силјановска Давкова од Кочани: Време е за четврти Илинден и за четврта македонска република

972

Она што особено ме вознемирува деновиве е свеста дека ќе славиме 80 години од АСНОМ, вториот Илинден. Гордоста како во химната сме ја заслужувале и зајакнувале со битката за правдините. Така беше со Крушевската Република, со партизаните и АСНОМ, така беше и во 1991 година. Мислам дека е време за четврт Илинден, за четврта Македонска Република. Република од народот и за народот. Република со стандарди во сите области со стручна и компетентна администрација. Македонија каде на вистински места да дојдат најдобрите и најумните а не да заминуваат. Пристојна, досадна држава. Само така ќе не почитуваат, порача од Кочани, претседателскиот кандидат на ВМРО – ДПМНЕ и коалицијата, Гордана Давкова Силјановска.

 

 

© 2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе