Радио Кочани
Кочани

Комисија за здравство ОО СДСМ Кочани – Цели 12 години ДПНЕ со своите лоши политики го загрози здравствениот систем на кој така поставен му треба време и голема посветеност да излезе од состојбата во која се наоѓа

470
Почитувани,
Со сета почит кон жената и празникот 8 Март, со цел од истиот да не практикуваме политика, сега го демантираме пресот на ДПНЕ одржан истиот ден.
Цели 12 години ДПНЕ со своите лоши политики го загрози здравствениот систем на кој така поставен му треба време и голема посветеност да излезе од состојбата во која се наоѓа.
Ако тогашното раководство на ДПНЕ размислуваше долгорочно и работеше посветено, а не размислувајќи само за својот џеб, денес Општа болница Кочани немаше да има само еден гинеколог. Колку и да се трудите со своите настапи да ја манипулирате јавноста за собирање на политички поени, народот знае дека значителен дефицит на специјалисти во кочанската болница се создаде во времето на ДПНЕ и истиот не може да се поправи преку ноќ.
Затоа денес имаме бројка од 16 лекари пратени на специјализација, од кои тројца се лекари кои специјализираат гинекологија. Навремено детектирајќи го проблемот со кадровска неекипираност резултат на лошото менаџирање со здравството од страна на дпмне, реализиравме вкупно 81 нови вработувања, се со цел подобрување на здравствените услуги кон нашите ценети пациенти.
Набавка на најново амбулантно возило, набавка на неколку нови ЕКГ апарати, воведена дежурна лабораторија 24 часа е резултат на нашата цел за континуирано и брзо подобрување на состојбата во Општа болница Кочани.

ВАЖНО Е да Ве потсетиме дека со одлуката на Владата за зголемување на платите на вработените во здравството, го вративме

дoстоинството на здравствените работници, она што вие го немавте ни во предвид во вашето владеење!
Почитувани,
Здравствената политика која ја води СДСМ нема да застане тука. Уште посилно ќе продолжиме да инвестираме во медицински кадар, инфраструктура и опрема, како и спроведување на реформи кои ќе го унапредат здравствениот систем.
Комисија за здравство
ОО СДСМ Кочани
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе