Радио Кочани
Кочани

За да нема препишување, матура ќе се полага во спортски сали

782

Државна матура средношколците ќе полагаат во спортски сали и широки ходници, за да се избегнат скандали со препишување, какви што традиционално ги има секоја година.

Лани беше утврдено дека 3.100 ученици препишувале на испит по предметот англиски јазик. Иако полагањето ќе се одвива во сали, бројот на тестери нема значително да се зголеми. Еден, ќе надгледува 15 ученици, како и досега. Според досегашната пракса, така и годинава, мобилните телефони се забранети.

Иако средношколците си побараа во базенот со прашања, да ги добијат и оние што ќе се паднат на државната матура, тоа нема да се случи оти законот на ДИЦ тоа не го дозволува.

Според најавите, иако долго време се преговара сепак ни годинава нема да има поставување на блокатори за оневозможување комуникација преку телефони.

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio