Радио Кочани
Кочани

Советот на Општина Кочани ја одржa 44. седница

488

Советот на Општина Кочани ја одржа 44. редовна седница, на чиј дневен ред се најдоа три точки.

Со 12 гласа „за“, Советот ги усвои Завршната сметка на Буџетот на Општина Кочани и Годишниот извештај на Општина Кочани за 2023 година.

По образложението од стручните служби, Советот ја усвои и одлуката за измена на распоредот на средствата на Буџетот на Општина Кочани за 2024 година. Дел од прераспределените средства ќе бидат трансферирани на СОУ „Љупчо Сантов“ и на Центарот за развој на ИПР за реализација на проектот  „Инсталација на фотоволтаични системи на јавни објекти во Источниот Плански Регион“.

 

На крајот на седницата, членови на Советот поставуваа советнички прашања.

© 2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio