Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
Николовски – Браната Речани е еден од најзначајните капитални проекти што се гради во Кочанското Поле
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски денеска при работните активности во Кочани изврши увид во градежните активности за изградба на браната Речани.

-
Градиме модерни системи за наводнување, обезбедуваме сигурно земјоделство. Денес во кочанско сме на увид во изградбата на браната Речани, уште еден значаен капитален проект. Токму денес имав можност да приуствувам и на леењето бетон за влезната потална линија од тунелот.
Браната Речани е еден од најзначајните капитални проекти што се гради во Кочанското Поле.![]()
Се гради на Оризарска Река и предвидува годишна акумулација од 22 милиони м3 вода, која ќе ги задоволи повеќе од една третина од земјоделските површини во овој регион, или наводнување за над 1.500 хектари земјоделско земјиште.![]()
![]()
Овој капитален проект го започнавме во 2019 година во вредност од 1,9 милијарди денари. Браната Речани претставува камено-насипна брана со височина од 80 метри, широка 10 метри и во основата долга близу 280 метри.
Нема стабилно и одржливо земјоделство без редовно наводнување на земјоделските површини. Токму затоа изградбата на нови и реконструкцијата на постојните системи за наводнување е наш врвен приоритет на кој посветено работиме сите овие години.истакна министерот Николовски.




