Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
ПОСКАПУВА БЕНЗИНОТ ОД 95 ОКТАНИ
Малопродажната цена на бензинот „еуросупер-95“ од полноќ се зголемува за 2 денара, и ќе изнесува 83 денари за литар.
Регулаторната комисија за енергетика денеска одлучи да не ги менува цените на горивата освен на обичниот бензин.
Според одлуката, малопродажната цена на бензинот „еуросупер-95“ од полноќ се зголемува за 2 денара, и ќе изнесува 83 денари за литар.
Малопродажните цени на бензинот „еуросупер-98“, како и на дизелот, Екстра лесното масло за домаќинство на и на Мазутот М-1 НС не се менуваат.