Радио Кочани
Кочани

Тешка сообраќајна незгода – Учествувал и каменичанец кој крумчарел седуммина мигранти од Сирија

5,193

Едно лице загинало  и уште две лица се тешко повредени во сообраќајка на патот Гевгелија – Богданци во која биле вклучени четири возила, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Од здобиените повреди починал Б.Ј. (63) од с. Богородица, гевгелиско, кој возел Опел Корса, а тешко била повредена и неговата сопатничка Е.Ј. (63). Тешко повреден е и Б.М. (48) од Македонска Каменица, кој возел Мерцедес со регистарски таблички од друго возило и криумчарел седуммина мигранти од Сирија.

Покрај Мерцедесот и Корсата, во сообраќајната несреќа биле вклучени и возило Хјундаи, управувано од Д.Т. (42) од Гевгелија, како и уште еден Мерцедес управуван од Ѓ.Ќ. (37) од Стојаково.

Несреќата се случила синоќа околу 19:30 часот на мостот на реката Вардар, а телесни повреди имале и мигрантите.

Увид на местото извршиле екипа на Полициската станица Гевгелија и јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот било дадено на обдукција.

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе