Радио Кочани
Кочани

Виница – Набавени 2 тони сол доколку паднат снегови

589
Општина Виница набави 2 тони сол, кои веќе пристигнаа во ЈКП „Солидарност“, со цел Општината да биде подготвена и одговорно да се реагира на претходно најавените минусни темперетури и врнежи од снег.

Од ЈКП „Солидарност, како претпријатие кое ги дава виталните услови на граѓаните, и овозможува непречено функционирање во овој домен на Општината, рекоа дека се подготвени со механизација и репроматрејали, навремено да одговорат на предизвиците кои ги носи времето. Во моментов на залиха има 6 тони сол и над 25 м3 песок.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе