Радио Кочани
Кочани

Започна едукативниот дел од Проектот„ОТВОРИ ОЧИ И СО ПАМЕТ! ВО СООБРАЌАЈОТ НЕ СИ САМ“

638

Со презентација за учениците од основното и од средното училиште во Македонска Каменица, на возраст од 14 до 18 години, започна реализацијата на едукативната компонента од локалниот проект за подигнување на јавната свест и зголемување на безбедноста во сообраќајот, што е резултат на соработката меѓу Рудник САСА, Општина Македонска Каменица и Министерството за внатрешни работи. 

Целта на ваквите едукативни презентации кои ги спроведуваат вработени во Отсекот за превенција при Секторот за внатрешни работи – Штип, е запознавање на младите жители од локалната заедница со сообраќајните правила и прописи, начинот на однесување и мерките што треба да ги преземат заради зголемување на својата и безбедноста на сите останати учесници во сообраќајот. Покрај за учениците, во рамки на овој проект ќе се одржат и едукативни работилници за вработените во Рудник САСА. Сите учесници во овие едукативни работилници ќе добијат и брошура која ги содржи основните правила, совети и препораки за безбедно однесување во сообраќајот.

Овој Проект е поттикнат од зголемениот број сообраќајни несреќи што се случија во изминатите неколку години во кои беа повредени или животот го загубија жители на Македонска Каменица.Имено, во изминатите нешто повеќе од пет години, на територијата на општина Македонска Каменица, во просек беа регистрирани речиси по две сообраќајни незгоди месечно и по една жртва годишно.

Инаку, реализацијата на Проектот започна на 19. Ноември – Светскиот ден на сеќавање на жртвите од сообраќајни несреќи, со информативна кампањапод слоганот „Отвори очи и со памет! Во сообраќајот не си сам“.

Статистиката на Обединетите Нации покажува дека повредите во сообраќајот на патиштата ширум светот се водечка причина за смртност кај децата и младите на возраст од 5 до 29 години. Глобално, повеќе од1,35 милиони луѓе годишно го губат животот во сообраќајни несреќи, аповеќе од половина од сите смртни случаи во сообраќајот се пешаци, велосипедисти и мотоциклисти.

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе