Радио Кочани
Кочани

„Без бариери“ – Децата направија вистинска атмосфера за донирање средства за помагало за движење по скалишен простор

1,656

Во пресрет на 3 Декември, Денот на лицата со попреченост, денеска Општина Кочани организираше хуманитарен културно-забавен настан под мотото „Без бариери“.


Во програмата што се одржи во салата на ОУ „Св. Кирил и Методиј“, вклучени беа ученици од сите основни и средни училишта од Кочани. Се пееше, играше, имаше спортски натпревар, се навиваше од гледалиштето во преполната сала.
Овој настан имаше донаторска благородна цел – да се приберат средства за набавка на помагало за движење по скалишниот простор во СОУ „Гошо Викентиев“.


Градоначалникот на Општина Кочани, Љупчо Папазов, ги повика сите правни и физички субјекти, посебно бизнис секторот да се вклучат со свое учество во донаторската акција и да им помогнат на учениците кои имаат тешкотии со пристапот до училишните простории.


Помагалото за движење по скалишниот простор наменето за СОУ „Гошо Викентиев“ чини околу 4.000 евра.
Средствата од денешната донаторска акција ќе ги прибира Црвен крст на Кочани. Готовина се донираше за време на самиот настан, а уплатата може да се врши на сметката на ОО Црвен крст – Кочани: 270040487680189, Халк банка.

 

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе