Радио Кочани
Кочани

Виница – Прва форумска сесија за зајакнување на општинските совети на 17 ноември

295
Ве покануваме на форумска сесија на која со ваши предлози и идеи ќе дадете голем придонес во подобрување на секојдневието.

Општина Виница во рамки на Програмата „Зајакнување на општинските совети – Фаза 2“, која ја финансираат Швајцарската влада и Министерството за локална самоуправа, а ја ко-финансира и спроведува Програмата за развој на Обединетите нации – УНДП, започнува со реализација на Проектни форуми во заедницата
Ве покануваме на првата Форумска сесија која ќе се одржи на ден 17.11.2023 година (петок) со почеток во 13:00 часот во хотел ресторан „Александар парк“ Виница.
На оваа форумска сесија ќе се дискутира за проекти од областа на социјалната инклузија во општина Виница, вклучувајќи и поврзани теми со заштита на животната средина, управување со ризици катастрофи (непогоди), енергетска ефикасност, родова еднаквост, ранливи групи граѓани, добро владеење и меѓуетничка соработка.
На Форумската сесија може да учествуваат сите заинтересирани локални чинители од општина Виница.
Преку Форумите во заедницата жителите на општина Виница ќе одлучуваат кои се приоритетите за социо-економски развој на општината и кои активности може да се спроведат за подобрување на состојбата на локалната заедница.
На форумските сесии присутните преку своето учество ќе може да даваат предлози и да учествуваат во подготовка на проекти од интерес на жителите на општина Виница. Низ форумскиот процес ќе се изработуваат и изберат проекти со кои ќе се аплицира за нивна реализација во рамки на вкупен фонд од 50.000 УСД.
Присуството на жителите, здруженијата на граѓани и претставниците на институциите, како и нивното активно учество на сесиите ќе даде голем придонес и ќе биде од особено значење за успешно спроведување на проектниот форум и изборот на проект/и, предложени и подржани од жителите на општина Виница.
Општина Виница
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе