Радио Кочани
Кочани

Се гради пристапен пат во месноста Цацков Бунар

527

Во месноста викана Цацков Бунар, во тек е пробивање и тампонирање на пристапен пат со кој за жителите и стопанствениците од тој дел на општината се обезбедува сообраќајна врска со експресниот пат Кочани – Крупиште – Штип.

Според проектот, пристапниот пат е со должина од 425 м и ширина од 4 м. Изведувач на работите е „Стојменов“, а средствата во износ од околу 790.000 денари се од општинскиот буџет.

Стручните служби од Општина Кочани истакнуваат дека оваа патна релација е времено решение за пристап до експресниот пат, бидејќи Општината изработува урбанистички проект со што ќе се добие поквалитетно сообраќајно решение.

© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе